Инфлуенсерка Сораја Рифи - Фото: Инстаграм/soraya.riffy

ФОТО | Позната инфлуенсерка била претепана за време на грабеж: Ја тепале два часа, а потоа ја силувале

Триесетгодишната инфлуенсерка Сораја Рифи беше брутално нападната за време на грабеж во нејзиниот стан во Марсеј, Франција во петокот вечерта, 4 јули, од двајца вооружени мажи.

Прво ја врзале, потоа ја претепале и ѝ се заканувале, а потоа била хоспитализирана. Поднесена е пријава за грабеж со употреба на сила и силување, јавува „BFMTV“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Judicael Brindel (@judibrindel)

Таа била жртва на брутален грабеж, бидејќи напаѓачите ја мачеле речиси два часа. Пријавата е поднесена, а истрагата е отворена. Нејзиниот адвокат изјавил дека била претепана со скалпел и пиштол, а потоа врзана со селотејп. Според нејзиното сведочење, напаѓачите ѝ рекле: „Дај ни пари или ќе те довршиме, знаеме која си“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SORAYA RIFFY ♡ (@soraya.riffy)

Нејзиниот ужас траел речиси два часа, во текот на кои таа претрпела сурово насилство. Според нејзиниот адвокат, тие дури и ја полеале со белило.

– Ја полеале со белило. Мислела дека ќе ѝ ги извадат органите и ќе ја запалат – изјавил нејзиниот адвокат во емисијата на „BFMTV“ во недела, 6 јули, нагласувајќи дека станува збор за „невидено ниво на насилство“. За време на нападот, инфлуенсерката ја изгубила свеста и се освестила поради силниот мирис на белило. Успеала да се ослободи и да повика брза помош. На полицијата ѝ кажала дека била силувана, а медицинско-правното вештачење треба да се направи во понеделник.

– Се разбудила со болка во пределот на интимните делови од телото и со траги кои, за жал, оставаат многу малку простор за сомнеж – додаде нејзиниот адвокат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот