Фото: Dalmacijadanas.hr

ФОТО: Повторно вандализиран партизански споменик во Сплит, му нацртале усташки знак

Непознати вандали изминатата ноќ повторно ја оштетиле спомен-плочата на Првиот градски партизански одред во Сплит. Покрај тоа што натписот сега е целосно исчкртан со црн спреј, вандалите на споменикот нацртале и усташки симбол.

Споменикот и пред неколку дена беше искршен на повеќе места.

Фото: Dalmacijadanas.hr

„Понесени од сонот за слободата, на 11 август 1941 година, партизаните на Првиот сплитски одред тргнаа во битка од ова место. Патриотски Сплит никогаш нема да ги заборави“, пишува на споменикот, кој е постојана мета на ултрадесничарските вандали во хрватскиот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!