Фото: CPR/D.Sanchez Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

ФОТО | Потресни сцени пред домот на Метју Пери: Телото на актерот изнесено од неговата вила

Посмртните останки на Метју Пери, кој беше пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес, се изнесени од неговата вила. Екипа од Одделението на медицинскиот истражител на округот ЛА го пренела телото на актерот во комбе. На местото на настанот се снимени посмртни фотографии.

Со голема тага и неверување беше дочекана веста дека славниот актер ненадејно починал во џакузито во својот дом, како што изјави неговиот пријател за „Дејли мејл“.

Метју Пери не бил пренесен во болница откако екипата на Итната помош пристигнала на местото на трагедијата, а подоцна било видено комбето како пристигнува на имотот на славниот актер. Се верува дека актерот се удавил во када откако два часа играл пикбол, се чекаат наодите од обдукцијата.

Фото: Vasquez/ LAGOSSIPTV / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Полициски извори за „Ен-би-си њуз“ и „Си-ен-ен изјавиле дека првично верувале дека станува збор за можно „спасување од вода“ откако го примиле повикот. Меѓутоа, кога пристигнале во куќата на актерот, тој веќе бил мртов.

Фото: CPR/D.Sanchez / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Да потсетиме, Брзата помош била повикана во домот на Метју Пери. Првите итни служби на местото на настанот не нашле никакви наркотици во домот на познатиот актер, но новите информации од извори од полицијата откриваат дека во домот на познатиот актер биле пронајдени многу лекови.

Извори од полицијата за ТМЗ рекле дека се пронајдени антидепресиви, лекови против анксиозност и лекови за хронична опструктивна белодробна болест ХОББ, кои се користат и за емфизем, односно хроничен бронхитис.

Метју Пери бил пушач, а вештакот од округот Лос Анџелес ќе спроведе токсиколошка анализа за да утврди дали имало лекови или наркотици во организмот на актерот, што може да потрае со месеци.

Куќата на Метју Пери, вредна 6 милиони долари/ Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Извори за „Дејли мејл“ изјавиле и дека на местото на настанот не била пронајдена дрога, ниту пак, имало траги на насилство. „Лос Анџелес тајмс“ пишува дека полицијата пристигнала на местото на настанот околу 16 часот и дека е утврдено дека актерот не реагира, а седум минути подоцна бил прогласен за мртов. Трагедијата ја истражува Одделот за разбојништва и убиства.

Метју Пери снимен на улиците на Беверли Хилс, фановите загрижени: Тој изгледа запуштено

ФОТО | Морничавата последна фотографија објавена од Метју Пери: Се снимил во џакузито во кое е пронајден мртов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот