Вал Килмер и ќерката Мерцедес - Фото: FAME PICTURES / Backgrid USA / Profimedia

ФОТО | Поранешната сопруга и ќерката на Вал Килмер првпат видени во јавност по неговата смрт

Ќерката на Вал Килмер, Мерцедес и неговата поранешна сопруга, актерката Џоан Вели, првпат се фотографирани заедно откако актерот трагично почина на 65-годишна возраст, пишува „Дејли Мејл“.

Мерцедес (33) и нејзината мајка (63) се прегрнаа пред нивниот дом во Западен Холивуд, само еден ден откако Мерцедес потврди дека нејзиниот татко починал од пневмонија.

Џоан Вели и Вал Килмер беа во брак од 1988 до 1996 година. Тие се запознаа додека работеа на филмот „Willow“ од 1988 година во режија на Рон Хауард. Покрај Мерцедес, парот го доби и синот Џек Килмер (29).

Семејството и пријателите на актерот наводно биле покрај него во болница во деновите пред неговата смрт, а изворите тврдат дека тој веќе бил хоспитализиран на почетокот на оваа година. Според извештаите, актерот бил врзан за кревет со години бидејќи неговото здравје се влошило пред неговата ненадејна смрт оваа недела.

Килмер имал недостаток на енергија, тврдат изворите, што е поврзано со лекувањето на ракот. Тоа го држеше врзан за кревет. Иако во моментот на смртта не му бил дијагностициран рак, неговото тело повеќе не можело да ја продолжи борбата.

И покрај сè, актерот одржувал блиски односи со своите деца до ненадејната смрт. Еднаш призна дека одбил соработка со десет одлични режисери за да ги стави семејството и бракот на прво место.

„Не можам да бидам одговорен родител и да бидам присутен само три или четири месеци годишно“, објасни тој.

Пред пет години тој истакна дека навистина никогаш немал доволно време со децата. “Тие ми се неверојатно забавни. Единствено ми е жал што не ги гледам доволно. Сите останати уживаат во нивната енергија, а јас никогаш не се заситувам од неа”, рекол тој.

Мерцедес претходно откри дека поминува многу време со својот татко и проговори за неговите здравствени проблеми.

„Поминуваме многу време заедно. Ги запознав старите пријатели на татко ми, оние од пред да се родам – ​​има толку многу убави работи што се случуваат кога ти треба туѓа помош“, рече таа.

Таа еднаш го опиша татко си како нејзин добар пријател и паметна и креативна личност со која би сакала да поминува време дури и да не ѝ бил татко. Тие дури и соработуваа заедно на филмот „Paydirt“, а она што Мерцедес го научи тогаш ќе остане со неа засекогаш.

„Очигледно беше дека тато имаше потешкотии во говорот, и преку ова искуство првпат сфатив колку е важно да се работи со актери со попреченост. Сфатив колку можам да научам од луѓе кои имаат различни способности. Тато на многу уметнички начин ги надмина своите ограничувања во говорот, па научив многу гледајќи го како невербално комуницира. Тоа ја промени мојата перспектива за глумата и го прошири моето разбирање“, иизјави таа своевремено.

Мерцедес работеше и како продуцент на документарецот „Вал“ кој излезе во 2021 година. Таа во интервјуто не криеше дека целиот филм ѝ влијаел емотивно, но и дека ништо не ја изненадило бидејќи многу добро го познава татко си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот