
ФОТО | По петгодишна пауза од јавниот живот: Камерон Дијаз блесна на филмска премиера, го привлече вниманието со специфична креација
Американската актерка Камерон Дијаз се врати на црвениот тепих по петгодишна пауза. Таа присуствуваше на премиерата на нејзиниот нов филм „Назад во акција“ („Back in Action“), во кој глуми заедно со актерот Џејми Фокс.
Препорачано
Актерката на премиерата во Берлин пристигна во елегантна црна облека. Таа беше облечена во црна проѕирна маица, широки фармерки и впечатлив, долг капут. Комбинацијата ја комплетираше со црни чевли, а избра и едноставна шминка со црвен кармин.

Дијаз позираше пред фотографите со насмевка на лицето, а на фотографиите ѝ се придружи и Фокс, кој носеше црн костум со бели детали.

Ова е прва премиера на Дијаз по нешто повеќе од десет години. Нејзиниот последен филм беше „Ени“ („Annie“) во 2014 година, а последен пат се појави на црвениот тепих во 2019 година кога повторно се соедини со нејзините колешки од „Ангелите на Чарли“ („Charlie’s Angels“). Тогаш актерката ја поддржа својата пријателка Луси Лиу, која доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Иако не глуми во филмови од 2014 година, таа најави повлекување дури во 2018 година. Оттогаш Дијаз ретко се појавува во јавноста и не открива детали од приватниот живот. По долгата актерска кариера, таа се посвети на семејството, сопругот Бенџи Маден и нивните две деца.
„Тоа беше нешто што морав да го направам. Чувствував дека морам да го направам тоа за да си го вратам животот. Навистина не се грижев за ништо друго. Навистина се сведува на размислувањето: ‘Која е вашата страст?’. За мене тоа беше да го изградам моето семејство“, рече таа претходно.
Сепак, актерката се согласила на улогата во филмот „Назад во акција“, откако Фокс ѝ се јавил и ја замолил да се приклучи на филмската екипа.
„Како можеш да му кажеш ‘не’ на Џејми Фокс? Ако има некој со кој ќе се вратам да поминам неколку месеци на снимањето, да се забавувам и смеам, тоа е Џејми“, рекла актерката.
ФОТО | Го крие приватниот живот како змија нозете: Први фотографии на Камерон Дијаз со ќерката