Фото: Facebook/Принтскрин

ФОТО | По осквернавениот гроб, запален станот на Зоки Фаци: Сторителот познат на семејството Василевски

Длабоко потресен од трагедијата со која повторно се соочи семејството на Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, неговиот долгогодишен пријател Стефан Лазаров на социјалните мрежи објави серија фотографии  од опожарениот стан на новинарот и апел до сите институции сериозно да си ја сфатат работата.

Имено, откако неодамна беше осквернавен и ограбен гробот на Зоки, не многу по неговата смрт, семејството на Василевски повторно се соочи со нова драма, овој пат опасна по живот.

Што поточно се случило објасни Лазаров во својата објава:

– Оваа објава мора многу сериозно да се сфати од сите институции. Ова утро за малку беше избегната уште една трагедија! Следново што ќе го прочитате е уште еден показател дека живееме со монструми, а систем да не заштити нема!!

Ова утро за малку не беа запалени куќата на Зоки Фаци во Катланово и станот во Ново Лисиче во кој сега откако Зоки почина живеат неговите внуци и сестра. Зградата се наоѓа веднаш до основното училиште Лазо Ангеловски и не сакам да помислам колку ќе беше страшно доколку комшиите не изреагираа на време, затоа што пожарот започнал во ходникот на зградата и можел да се прошири низ цел кат!

Е сега се ова станува уште по хаотично! Замислете, пожарот е подметнат од ТАТКОТО на внуците на Зоки (неговиот зет). Подолг период ги малтретира, им упатува закани по живот, е хроничен алкохоличар, пријавуван 100 пати до сега, со докази за насилство и докази дека им најавува дека ќе ги убие!

Вчера некој полицаец на Бети (сестрата на Зоки, сопруга на сторителот) на нејзина пријава дека сега поранешниот маж и најавил дека ќе ги запали, полицаецот и одговорил „аман секој втор ден ли ќе се расправаме со вас“??

Дополнително ова утро додека куќата во Катланово ја гаснат, таткото им се јавува и им најавува дека ќе го запали и станот, додека тие возат накај Катланово. Веднаш се јавуваат во станицата во Аеродром и повторно го добиваат одговорот „Аман веќе од вас“. Откако го запалил ходникот, и колегите кои веќе се на увид во Катланово, интервенираат кај колегите во Аеродром и тек тогаш излегуваат на терен!!

Замислете ситуацијата денес да ескалираше и да имаше поголеми последици!!!!?

Човекот е уапсен, вечерва во 21:00 е пред судија. Ги повикувам сите медиуми да извршат притисок за човекот да оди во затвор. Семејството на Зоки живее со месеци во страв и агонија. Човекот е неколку пати и пријавуван за семејно насилство!!!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот