Гробницата на Аменхотеп III - Фото: Ahmed Gomaa / Xinhua News / Profimedia

ФОТО | По две децении реставрација: Египет ја отвори гробницата на фараонот Аменхотеп III за посетители

Гробницата на Аменхотеп III е отворена за јавноста по 20 години реновирање со поддршка од јапонската влада и УНЕСКО, пишува „Дојче веле“.

Генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети на Египет изјави дека гробницата е дел од трифазен проект за реставрација предводен од експерти од Јапонија. Сликите на фараонот и неговата сопруга на ѕидовите од гробницата, исто така, беа реставрирани.

Гробницата на Аменхотеп III – Фото: Ahmed Gomaa / Xinhua News / Profimedia

Големата гробница на Аменхотеп, кој владеел со древниот Египет помеѓу 1390 и 1350 година п.н.е., се наоѓа на западната страна од Долината на кралевите. Откриена е во 1799 година, а нејзината содржина е ограбена, вклучувајќи го и саркофагот.

Гробницата започнува со премин долг 36 метри и длабок 14 метри што се спушта. Вклучува главна гробница за кралот и две одаи за неговите сопруги, кралиците Тиа и Ситамун.

За разлика од другите гробници во Долината на кралевите, таа не е целосно украсена. Сликите во неа го прикажуваат Аменхотеп III со група египетски богови. Сцени од Книгата на мртвите, збирка амајлии за непречен премин на мртвите низ подземјето кон задгробниот живот, се врежани во погребната комора.

Гробницата беше отворена за посетители помалку од еден месец пред официјалното отворање на Големиот египетски музеј во близина на пирамидите во Гиза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот