
ФОТО| По бројните критики за летот во вселената, Кети Пери конечно го кажа своето мислење: „Не сум совршена, ги прифаќам“
Во последните денови, пејачката Кети Пери е мета на критики за нејзиниот лет до работ на вселената, а по многуте коментари, таа одлучи јавно да испрати порака до критичарите, но и до своите обожаватели.
Препорачано
На својот Инстаграм профил, таа прво им изрази благодарност на своите обожаватели, а потоа се осврна на критиките:
„Заедно сме на ова прекрасно и диво патување. Сè уште можам да останам верна на себе, искрена и со отворено срце поради нашата поврзаност. Ве молам знајте дека сè уште сум добро, работев напорно за да знам која сум, што е вистинско и што ми е важно … Кога онлајн светот се обидува да ме претвори во човечка пињата, го прифаќам тоа со милост и им испраќам љубов, бидејќи знам дека толку многу луѓе страдаат на различни начини и дека интернетот е место каде што вознемирените и оние кои се во процес на заздравување можат да ги искажат своите мислења. Всушност, не сум совршена, го отстранив тој збор од мојот речник“, напишала таа.
View this post on Instagram
За потсетување, Пери беше една од петте жени кои полетаа до работ на вселената на 14 април. Покрај неа, во капсулата „Њу Шепард“ беа и свршеницата на Безос, Лорен Санчез, новинарката Гејл Кинг, филмската продуцентка Кариен Флин, поранешната ракетна научничка на НАСА, Ајша Боу, и активистката Аманда Нгујен, пренесува „Кикс“.