ФОТО | Пет гала: Кучиња „прошетаа“ со занесни креации на црвениот тепих

Фото: Profimedia

Мет гала, која се смета за еден од најинспиративните модни настани во годината, сега има сериозна конкуренција – Пет гала, настан посветен на модата за кучиња.

Дизајнерот Антони Рубио беше домаќин на вечерта, на која 18 кучиња „прошетаа“ на црвениот тепих во Њујоршкиот музеј на кучиња на Американскиот кинолошки клуб.

Четириножните „манекени“ носеа комбинации инспирирани од оние што можевме да ги видиме на Мет гала пред две недели.

„Сакам да нагласам дека не се потсмеваме со Мет гала. Покажуваме почит кон прекрасниот дизајн претставен на Мет гала“, изјави Рубио.

Антони Рубио / Фото: Theo Wargo / Getty images / Profimedia

Билетите чинеа 300 долари, а приходите ќе одат во музејот домаќин на настанот, пишува „Јуроњуз“.

Повеќето од ѕвездите на овој настан беа мали кучиња, па улогата на Крис Хемсворт ја доби ши цу, Џенифер Лопез – померанец, Зендаја – чивава, Карди Би – мешавина од чивава и јоркширски териер и Рита Ора – териер.

Темата на годинашното издание на Мет гала, а воедно и на Пет Гала, беше „Градината на времето“, а кучешките креации ќе бидат изложени во Музејот на кучиња во текот на јуни.

Фото: Theo Wargo / Getty images / Profimedia
Фото: Theo Wargo / Getty images / Profimedia
Фото: Theo Wargo / Getty images / Profimedia
Фото: Theo Wargo / Getty images / Profimedia
Фото: Theo Wargo / Getty images / Profimedia

Мет гала: Познатите личности го претворија музејот „Метрополитен“ во раскошна градина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот