facebook
facebook

ФОТО: Пејачката Зои Блаж му кажа „да“ на поранешниот ракоментар на Металург

Нашата пејачка Зорица Блажева која во јавноста е позната под своето уметничко име Зои Блаж веќе оддамна не е активна на музичката сцена. Зои периодов е во посета на Германија, каде што престојува нејзиниот сакан.

Facebook
Facebook

Блажева изминатиов период е во Германија како придружба на својот сакан Тадеј Матијашиќ, поранешниот ракоментар на ракометниот клуб „Металург“, кој моментално игра во германскиот град Зул.

Имено, Зои е неколку години во врска со ракоментарот Тадеј кој по потекло е од Словенија. Иако имаа врска на далечина, со периоди кога не биле заедно поради работните обврски, сепак, љубовта била посилна од сè! Изминатиот викенд Тадеј во Германија ја запроси прекрасната Зои.

Facebook
Facebook

Кажав „да“ на човекот кој што ме прави да се чувствувам посебна, кажав „да“ на среќата, кажав „да“ на љубовта, кажав „да“ на еден нов живот во кој ќе има само убавини… Те сакам највеќе на цел свет“, напиша Зои на своите профили на социјалните мрежи, споделувајќи ја среќната вест со своите пријатели и обожаватели.

Facebook
Facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!