Фото: Инстаграм/Северина

ФОТО | Парче на „Баленсијага“ од 700 евра: Северина се облече во здолниште налик пешкир и се пошегува за „судските рочишта“

Хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста, овој пат со необичен моден избор и остроумен коментар за нејзините претстојни судски рочишта.

На својот инстаграм-профил, пејачката објави фотографија од загрепскиот пазар Долац, каде позира во интересна модна комбинација – бела кошула, луксузна кожна торба и сукња која на прв поглед личи на бањарски пешкир.

Фото: Инстаграм/Северина

Со вообичаената доза на хумор, Северина напиша: „Следи сезона на судови, па се подготвив со аутфит сукња-пешкир, бидејќи на суд се чувствувам како дома. Крокодилот е тука за да не се опуштам премногу“, алудирајќи на торбата од крокодилска кожа.

Сепак, иако дел од нејзините следбеници навистина поверуваа дека пејачката носи обичен пешкир, модниот свет брзо препозна дека станува збор за дизајнерска креација на „Баленсијага“. Овој несекојдневен моден парче беше пуштено во продажба во 2023 година по цена од 695 евра.

Фото: Инстаграм/Северина

Додека со хумор зборува за судските процеси, Северина не открива конкретни детали за новите рочишта.

Во последните години, таа беше инволвирана во повеќе судски случаи, најзначајниот од кои е борбата за старателство над нејзиниот син Александар со неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ. Иако Врховниот суд на Хрватска првично донесе пресуда во негова корист, таа беше поништена минатата година.

ФОТО | Северина на Малдиви ја чита книгата на Ведрана Рудан во која пишува за нејзиниот скандал на јахтата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот