Моника Белучи/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Ова е единствената жена од Балканот на која Моника Белучи ѝ ги „лајкнува“ фотографиите

Популарната српска актерка Слобода Миќаловиќ на 21 август го прослави својот 44 роденден, а многумина се согласни, славната убавица никогаш не изгледала поубаво.

Од самиот почеток на кариерата таа редовно се наоѓа на листите на најубави жени, па поради тоа не е чудно што често на филмското платно добивала улоги на заводливи жени.


А, една од оние кои исто така не е имуна на изгледот на оваа Србинка е и светски познатата актерка, италијанската филмска дива Моника Белучи.

Ако погледнете на социјалните мрежи на Миќаловиќ, ќе забележите дека Белучи постојано ѝ ги „лајкува“ фотографиите, а неретко ѝ остава коментари под објавите на српската актерка.

Нивното пријателство започнало пред многу години кога заедно работеле на филмот на Емир Кустурица „На млечниот пат“, а актерките останале блиски години подоцна.

„Ние двете фантастично се согласувавме, како да се знаеме отсекогаш, како да сме пријателки од училиште. Имам само пофални зборови за неа, секогаш беше тука како поддршка. Го сакам зголемениот адреналин на сетот, сите сцени ги направив сама без каскадери. Моника се чудеше и говореше дека не сум човек од циркусот, туку актерка и дека ќе се повредам. Беше грижлива како мајка“, открила Слобода своевремено.

 

Елеганција во црно: Моника Белучи како поддршка на познатиот режисер на синиот тепих

Слобода Миќаловиќ претепана! Српската актерка пренесена во Ургентен центар во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот