Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ФОТО | Отишол на прошетка и открил богатство старо 1500 години: Мислев дека се чоколадни монети
Ерленд Бор од Норвешка дошол до откритие на векот, „вооружен“ само со детектор за метал, откако неговиот лекар му препорачал да се активира повеќе и да практикува прошетки. Бор откопал девет златни приврзоци, три прстени и 10 златни мониста на островот Ренесој, пишува „Гизмодо“.
Препорачано
Една прошетка ќе му остане запамтена засекога, бидејќи пред да се врати дома, детекторот за метал почнал да испушта звуци.

Arkeologisk museum
„Најпрво мислев дека се некои чоколадни парички. Беше апсолутно неверојатно“, рече Бор во изјавата од Универзитетот во Ставангер.
Норвежанецот веднаш контактирал со археолозите, кои го продолжиле истражувањето.

Вкупниот „плен“ што го нашол тежи нешто повеќе од 100 грама и датира од околу 500 година од нашата ера, кој во Норвешка е познат како „миграциски период“.

Според норвешкиот закон, сите историски предмети постари од 1537 година и монетите од пред 1650 година се сметаат за државна сопственост и од пронаоѓачот мора да ги предаде.

Професорот Хакон Рејерсен од Археолошкиот музеј на Универзитетот во Ставангер вели дека приврзоците се како плочки – тенки, рамни и еднострани. Заедно со златните мониста прават „многу впечатлив ѓердан“.

Според него, ланчето го носеле многу угледни луѓе во општеството, а во Норвешка слично откритие за последен пат се случило дури во 19 век.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
59мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5