Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Остана и без титулата: Мис Шкотска осудена откако изгризала двајца членови на обезбедувањето

Крунисаната мис на Шкотска Луси Томсон (26) е осудена откако гризнала двајца членови на обезбедувањето и ги навредувала на расна основа во текот на рагби натпревар во 2023 година.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Убавицата беше крунисана за Мис Универзум само 11 месеци порано, но го привлече вниманието на јавноста кога нападна двајца чувари во јуни 2023 година на натпревар во Единбург. Таа го гризнала чуварот Ендру Окпаје и го нарекувала со погрдни имиња, а потоа почнала да вика: „Знаеш ли која сум јас?“, па се пофалила со своето богатство.

Потоа го гризнала и другиот член на обезбедувањето, а потоа таа и нејзината сестра биле исфрлени од настанот.

 


Окпаје (26) пред судот објаснил дека околу 19 часот се соочил со жена во алкохолизирана состојба, која се обидел да ја изведе од местото на настанот, а таа потоа, како што тврди, почнала да го навредува и да дава агресивен отпор.

– Додека се приближувавме до излезот, таа ме нападна. Ја држевме и се обидувавме да бидеме што е можно понежни, a додека ја кревав раката, таа ме гризна на неа. Тоа остави трага на мојата рака. Ја погледнав шокирано, а потоа таа почна да ме нарекува со погрдниот збор на „н“. Таа ме погледна директно во очи и ми рече: „Ти, е..н црнец!“! Веќе долго време никој не ми го упатил тој израз, бев шокиран. Беше многу ужасно – изјавил членот на обезбедувањето пред судот, пишува „Дејли мејл“.

Луси Томсон ги негирала овие наводи и изјавила дека испила само два ипол пијалаци, како и дека дејствувала во самоодбрана. Таа изјавила дека обезбедувањето ја турнало нејзината сестра во ќош и затоа така реагирала на членот на обезбедувањето.

Судијата Дерек О’Керол ја отфрлил нејзината верзија на настаните како „целосно неубедлива“.

По пресудата, Томсон била казнета со 790 фунти и ѝ била одземена титулата Мис на Шкотска.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот