
ФОТО: ОН загрижени за принцезата Латифа, бараат јасен доказ дека е жива!
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) досега не доставија докази дека принцезата Латифа бин Мухамед ал Мактум, исчезнатата ќерка на владетелот на Дубаи е жива, соопштија Обединетите нации, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Си-ен-ен известува дека Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, во петокот соопштила дека побарала од ОАЕ доказ дека принцезата е сè уште жива, но дека не го добила.
– Немаме ниту еден, а би сакале да видиме јасен, убедлив доказ дека принцезата е жива. Се обидовме да закажеме состанок помеѓу високите претставници, со новиот амбасадор на ОАЕ во ОН во Женева, мисијата ги прифати овие барања, но сѐ уште немаме точен датум – потенцирала портпаролката Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права, Марта Уртадо.
Фото: FREE LATIFA CAMPAIGN/EPA
Уртадо на прес-конференција исто така рекла дека би било идеално Канцеларијата да се сретне со принцезата Латифа и да разговара со неа насамо, за да ги испита сите аспекти на ситуацијата во која се наоѓа и дека тоа е она што ќе ѝ го предложи на мисијата на ОАЕ во Женева, доколку се оствари состанокот .
Официјалниот претставник на ОН исто така рече дека канцеларијата ќе го покрене и случајот со сестрата на Латифа, Шамса ал Мактум и ќе побара информации за нејзината моментална локација.
Во тајните снимки коишто Би-би-си ги доби во февруари и ги сподели со Си-ен-ен, принцезата
Латифа тврдеше дека ја држат како заложник во „вилата преуредена во затвор“, без пристап до медицинска нега.
Како реакција на тоа, Владите на Дубаи и на Обединетите Арапски Емирати соопштија дека Латифа е безбедна и дека е под внимателна нега на нејзиното семејство и медицинскиот персонал.
На крајот на февруари, Латифа испрати писмо до британската полиција, во кое увид имаше и Си-ен-ен, со барање да се испита наводното киднапирање на нејзината постара сестра, принцезата Шамса, од Британија во 2000 година.
Кралското семејство од Дубаи соопшти дека принцезата Латифа била „згрижена дома“ ден откако Би-би-си објави снимки во кои принцезата го обвини својот татко, владетелот на Дубаи, дека ја држи како заложник.
Таткото на принцезата Латифа, шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум, владетел на Дубаи и премиер на ОАЕ, е еден од најбогатите владетели во светот.
Фото: Принтскрин/Јутјуб
Фото: Принтскрин/Јутјуб