Експлозија и пукање во Минхен/Фото: Felix Hörhager / AFP / Profimedia

ФОТО | Октоберфест затворен по закана со бомба во Минхен, утрово претходеа експлозии и пукања

Тревога е подигната уште од раните утрински часови во северен Минхен, каде што е во тек голема полициска и противпожарна операција. Специјални сили и пиротехничари се распоредени во областа, додека властите истражуваат можна поврзаност со Октоберфест. Како превентивна мерка, фестивалот на пивото остана затворен утрово.

Полицијата е многу загрижена дека постои поврзаност со Октоберфест, објави АП.

Во соопштението се вели: „Моментално ги истражуваме сите можни насоки. Разгледуваме можни врски со други места во Минхен, вклучувајќи го и Терезиенвизе“.

Се забележува дека Октоберфест е најголемиот светски фолклорен фестивал што се одржува во Минхен секоја година на плоштадот Терезинвизе во округот Лудвигсворштат-Исарворштат. Трае две недели и завршува првиот викенд од октомври.

Ројтерс објави мапа на која е прикажана локацијата на фестивалот и оддалеченоста од местото каде што се вклучил алармот за бомба.

Според информациите од весникот „Билд“, во градот се слушнале експлозии и пукотници. Околу 04:40 часот, противпожарната служба добила повик за пожар во куќа, а кратко потоа биле регистрирани и пријави за силни тресоци.

Кратко време подоцна, тело на маж со прострелни рани беше пронајдено во близина на езерото Лерхенауер. Полицијата верува дека починатиот претходно поставил стапица во куќата – која според информациите им припаѓала на неговите родители – а потоа ја запалил, пред да изврши самоубиство.

Мажот е пронајден со ранец на грб, што предизвикува загриженост кај властите дека може да содржи експлозиви. Пожарникарите се на местото на настанот и ја проверуваат областа, додека првично пристапот на полицијата беше можен само со хеликоптер од безбедносни причини.

Властите, исто така, бараат уште едно лице кое се смета за исчезнато. Според полицијата, неговото присуство не претставува опасност. Езерото Лерхенауер е на околу пет минути возење од куќата што се запали.

Полицијата опколи голема површина на улицата „Лерхенауер“ во северен Минхен и им советува на жителите и возачите да ја избегнуваат или да се движат заобиколувајќи ја областа. Блиските основни и средни училишта на улицата „Тони-Пфилф-Штрасе“ ќе останат затворени додека не заврши истрагата, соопшти полицијата.

Едно лице загина во престрелка и експлозии во Минхен

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот