Деми Мур / Фото: Riccardo GIordano / ipa-agency.net / IPA / Profimedia

ФОТО | „Од глава до пети“ во злато: Деми Мур блесна во гламурозен фустан на Модната недела во Милано

Деми Мур (62) многу добро знае како да привлече внимание кон себе. Имено, американската актерка се појави на Неделата на модата во Милано во златен фустан кој изгледаше како вистинско уметничко дело. Креацијата беше исполнета со огнени, цветни и 3Д детали, што ѝ даваше допир на луксуз и футуристички гламур во исто време.

Фото: Riccardo GIordano / ipa-agency.net / IPA / Profimedia

Целиот фустан беше изработен од светки и реси, кој го комбинираше со едноставна шминка и накит. Изгледот го комплетираше со фризура со кадрици. Ниту обувките не останаа незабележани. Имено, високите потпетици со златни детали совршено го придружуваа фустанот.

Мур позираше расположена на настанот на модната марка „Гучи“, која моментално ја води креативниот директор Демна, во чиј дел беше прикажан филмот „Тигарот“. Демна ја нарече дебитантската колекција „беспрекорно секси, екстравагантна и смела“.

Покрај Мур, на Неделата на модата во Милано пристигнаа и поранешната тенисерка Серена Вилијамс, поранешната уредничка на „Вог“, Ана Винтур, актерката Гвинет Палтроу и моделот Лила Мос. Модната недела во Милно ќе вклучува 54 ревии на писта и четири онлајн ревии, а целиот настан ќе заврши на 29 септември со прослава на 50-годишнината од брендот „Џорџо Армани“, што воедно ќе биде и почит кон легендарниот дизајнер, кој почина претходно овој месец.

Деми Мур застана во одбрана на сопругата на Брус Вилис: „Ема има многу обврски“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот