
ФОТО | Очите на целиот свет вперени во нив: Сите зборуваат за страсниот бакнеж на Кијану Ривс и неговата љубов
Познатиот актер Кијану Ривс со години е во врска со својата партнерка Александра Грант, а на почетокот ја криеше нивната врска од јавноста. Кијану во последно време се почесто излегува со Грант и заедно позираат на црвениот килим, а сега дојде и моментот да споделат нешто повеќе пред камерите.
Препорачано
Иако досега позираа само еден до друг, Кијану и Александра сега разменија и страсен бакнеж, кој насобраните фотографи веднаш почнале да го снимаат, а фотографијата од овој редок момент веднаш го обиколи светот.

Александра на црвениот тепих пристигна во долг лелеав црвен фустан додека Кијану беше во црн смокинг.
Двојката изгледаше многу среќно и задоволно, а се чини дека се одлучиле на овој потег бидејќи нивните обожаватели веќе со месеци сакаат да читаат се за нивната љубовна приказна.
Најскромниот и еден од најхуманите холивудските актери врската со уметничката Александра ја потврди кон крајот на 2019 година, кога заедно се појавија на црвениот тепих на еден холивудски настан.
Американските медиуми тогаш пишуваа дека парот бил долго време заедно, а се запознале преку работа и почнале да се дружат, а љубовта се родила од пријателството.

Имено, тие во 2011 година почнаа да соработуваат на книгата на фотографии „Ода на среќата“ и со неа постигнаа успех, а во 2016 година решија заедно да создадат ново дело наречено „Сенки“.
Реакциите на јавноста за избраничката на холивудскиот актер беа поделени и многумина напишаа погрдни коментари за нејзината седа коса, а други застанаа во одбрана на жената која на актерот му ја врати вербата во љубовта по тешкиот период низ кој помина кога почина неговото прво бебе и партнерка.
Му упаѓа дома и тврди дека му е роднина: Демнач не му дава мир на Кијану Ривс
Кијану Ривс изговори само 380 зборови во новиот „John Wick“ и заработи 15 милиони долари