Фото: EPA-EFE/LUCY NICHOLSON/ POOL

ФОТО | Објавена првата затворска фотографија од ѕвездата на „Лудите 70-ти“: Беше осуден на 30 години затвор за силување

Првата фотографија на актерот Дени Мастерсон, познат по улогата во „Лудите 70-ти“ е објавена откако тој беше префрлен во државен затвор на отслужување на казна од 30 години до доживотна казна за силување на две жени во неговиот дом во Холивуд Хилс пред повеќе од 20 години.

На фотографијата актерот е облечен во портокалов затворски костум, со долга брада, а лицето му е мрачно. Тој беше префрлен од затворот во Лос Анџелес во државниот затвор Северен Керн во Делано, Калифорнија.

Потсетуваме, на почетокот на септември оваа година, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес, Шарлејн Олмедо, му изрече казна на 47-годишниот актер откако го одби барањето на одбраната за ново судење и ги слушна изјавите на жртвите.

„Господине Мастерсон, вие не сте жртва овде. Вашите постапки пред 20 години му го одземаа изборот на друг. Вашите постапки пред 20 години беа криминални и затоа сте тука. Не бевте осудени врз основа на гласини, алузии, озборувања и шпекулации. Бевте осудени врз основа на докази дека 12 лица од поротата ги прогласиле за веродостојни“, рекол судијата.

Поротата составена од седум жени и пет мажи го прогласи Мастерсон за виновен по две точки од обвинението по седум дена расправа. Двата напади се случија во домот на Мастерсон во Холивуд Хилс во 2003 година, кога тој беше на врвот на својата слава, околу времето кога се емитуваше „Лудите 70-ти“.

Поротата не можеше да донесе едногласна пресуда за третата точка, тврдењето дека Мастерсон ја силувал и својата долгогодишна девојка.

Сопругата на Дени, актерката Бижу Филипс, поднесе барање за развод само неколку дена откако актерот беше осуден.

 

Ѕвездата на „That ’70s Show“ осуден за силување, му се заканува затворска казна до 30 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот