Шерон Стоун - Фото: Инстаграм

ФОТО | Новите фотографии на кои Шерон Стоун е во спална со гол маж, направија вистински „хаос“ на социјалните мрежи

Холивудската актерка повторно успеа да ја разгори имагинацијата на јавноста.

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун (67) уште еднаш докажа дека сè уште е фатална за посилниот пол, и не само тоа, туку и жените не се имуни на нејзините нови фотографии.  Децении по филмот „Ниски страсти“, таа повторно успеа да го привлече вниманието на еден посебен начин.

Фотографиите кои се објавени неодамна се направени за кампањата која актерката ја сними за модната куќа „Муглер“. Само неколку часа по објавувањето, тие ги преплавија социјалните мрежи и предизвикаа лавина од реакции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MUGLER (@muglerofficial)

Шерон Стоун е лице на новата кампања за линијата која ги реинтерпретира најпознатите архивски креации на „Муглер“. Со својата фигура и став, таа не само што ја почитува историјата на модата, туку испраќа и порака до сите жени дека силата и сензуалноста можат да одат рака под рака, без разлика на годините.

Ова не е прв пат Шерон да го демонстрира својот безвременски сексапил. Минатата година, таа го „запали“ Инстаграм со фотографија на која позира во секси долна облека, комбинирана со впечатливи штикли и ѓердан. Во март, актерката отворено проговори за тоа како ја прифаќа својата фигура во 60-те години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

„Многу луѓе се откажуваат кога стареат. Тие не се грижат за своите тела, мислејќи дека така или вака ќе се распаднат, или помислуваат: ‘Моето тело повеќе не ме дефинира’. Но, сепак, мора да го сакате тоа тело“, изјави Шерон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот