Нина Бадриќ - Фото: Принтскрин/ Инстаграм

ФОТО | Нина Бадриќ објави ретка фотографија со нејзината мајка Мила: „Пред сè – мама“

Нина Бадриќ, како и секое лето, ужива на островот Хвар, а овој пат реши дел од своите убави моменти таму, да ги сподели со својата мајка.

Таа објави фотографија на Инстаграм со нејзината мајка Мила, а во описот напиша само: „Пред сè… мама“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

На фотографијата, Мила и Нина се облечени во лесни летни комбинации, а со нив беше и кучето на Нина.

Иако ретко објавува нивни заеднички фотографии, пејачката постојано нагласува дека нејзината мајка е нејзината најголема поддршка во животот.

Во мај минатата година, Нина и Мила отидоа во Меѓугорје. Пејачката објави неколку видеа и фотографии од таму.

Покрај љубовта и приврзаноста со својата мајка, Нина сè повеќе зборува за својата вера. „Секогаш се држам до Бога и секогаш си велам, едноставно, без Бога, дури ни преку улица, и тоа се покажа како моја добитна комбинација. Таму го најдов мојот најдобар пријател“, рече таа минатата година во интервју за „ИнМагазин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот