Никол Шерцингер- Фото: Cindy Ord / Getty images / Profimedia

ФОТО | Никол Шерцингер блесна во црн фустан со длабоко деколте на „Тајм 100“

Пејачката Никол Шерцингер (46), поранешна членка на групата „Пусикет долс“, беше една од гостите на гала настанот „Тајм 100“.

Таа прошета по црвениот тепих облечена во црн вечерен фустан кој ја истакна нејзината фигура. Горниот дел бил изработен од сатен, додека долниот дел, освен светки, имал и дел кој се влечел по подот.

Никол Шерцингер – Фото: Gregory Pace / Shutterstock Editorial / Profimedia

Инаку, Никол Шерцингер е во врска со шкотскиот рагбист Том Еванс, кој е шест години помлад. Двојката се запозна во 2019 година, кога тој учествуваше во шоуто „Икс Фактор“. Тие се верија во 2023 година на Хаваи.

За потсетување, галата „Тајм 100“ беше организирана како прослава на листата на „Тајм“ на 100 највлијателни луѓе во светот. Покрај Никол, на настанот присуствуваа и бројни познати личности, меѓу кои и Блејк Лајвли, на која ѝ се придружи нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Актерката беше именувана на престижната листа претходно овој месец како „филантроп и личност која се занимава со најсложените општествени прашања во САД“.

На настанот беше и новинарката Мегин Кели, која остро го критикуваше тоа што Лајвли се најде на списокот.

„Тоа е смешна шега. Таа не треба да биде тука. Таа нема никакво влијание врз ништо“, рече таа. Таа, исто така, рече дека Лајвли „изнесе лажно обвинение за движењето ‘Ме ту'(Ме Тоо)“ против Џастин Балдони, режисерот и колега од „It Ends With Us“. „Затоа денес жали затоа што речиси сите нејзини обвинувања паѓаат во вода“, додаде водителката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот