Instagram

ФОТО | Никол Кидман ужива со семејството на Јадранот

Холивудската актерка Никол Кидман им се придружи на големиот број ѕвезди кои го избраа хрватскиот брег за одмор.

Нејзината внука Луција Холи сподели неколку фотографии од патувањето на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucia Hawley (@luchhawley)

Меѓу нив се слики од Хвар и Дубровник, а на нив е и самата Никол, која позира заедно со нејзината сестра Антонија Кидман и Луција.

Сите три модно се усогласиле во бели фустани, а посебно внимание привлече природната коса на Никол, што е ретка глетка бидејќи таа обично носи перики на црвените теписи и во филмовите.

Актерката обично ги крие своите препознатливи црвени прамени на екранот и во јавните појавувања, одлучувајќи се за перики и екстензии за да постигне нов изглед. Но, сега сепак ја распушти својата природна коса додека уживаше во семејно дружење.

Веселото друштво го прослави и роденденот на Антонија во Хрватска, а во еден далматински ресторан сестрата на познатата актерка дувна и свеќичка на парче тирамису, пренесуваат хрватските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот