
ФОТО | Никол Кидман го прослави Велигден со посебно друштво во нејзината палата во Нешвил без сопругот Кит Урбан
Никол Кидман, Велигден го помина во посебно друштво во својот дом во Нешвил. Оскаровката (57) приреди интимна празнична прослава, опкружена со одбрани луѓе.
Препорачано
На Никол Кидман ѝ се придружија нејзината сестра Антонија Кидман и братучетката Лусија Хејли, што предизвика големо внимание бидејќи Никол ретко ја гледаме во друштво на нејзините роднини. Нејзината братучетка сподели фотографија од прославата.
View this post on Instagram
Никол блесна во син цветен фустан, боса, со Антонија и 25-годишната Лусија. Сите беа во пастелни тонови, насмеани и зрачеа со елеганција.
Таму беа и двете ќерки тинејџерки кои Никол ги има со Кит Урбан, Сандеј Роуз (16) и Фејт Маргарет (14).
Иако Никол и нејзиниот сопруг Кит Урбан се познати по тоа што не откриваат многу за нивниот приватен живот, благодарение на објавата на Лусија, фановите добија редок поглед во животот на актерката далеку од центарот на вниманието.
View this post on Instagram
Сепак, особено беше забележливо отсуството на Кит Урбан од фотографиите. Се верува дека тој е зафатен со подготовките за неговата претстојна турнеја, која започнува на 3-ти мај во Сент Луис.
Иако имаат имоти и домови ширум светот, базата на Никол и Кит во Нешвил стана нивен семеен дом. Нивната голема палата со 20 соби, купена за 4,89 милиони долари во 2008 година, го има секој луксуз што може да се замисли, од домашно кино и тениско игралиште до соба за хоби. Парот поседува и импресивни имоти во Беверли Хилс, Њујорк и низ цела Австралија, но Нешвил останува во нивното срце.