Фото: Принтскрин / Икс

ФОТО+ВИДЕО | Несекојдневна глетка: Испарувања од ракетата на „Спејс икс“ предизвикаа блескава спирала на небото

Светла спирала се појави на ноќното небо ширум светот, а многумина останаа „без зборови“ од глетката.

Оваа блескава спирала се појави и на небото во  Велика Британија и Ирска, а експерти од британската метеоролошка служба објаснија дека причината за оваа необична појава најверојатно се испарувањата од ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс икс“.

Феноменот бил забележан од Данска до Милано, а спиралата била видлива неколку минути пред да исчезне, објави „Скај њуз“.

Според експертите, замрзнатите издувни гасови од горните слоеви на ракетата создаваат форми во атмосферата додека ја рефлектираат сончевата светлина, што ги прави видливи од Земјата.

Овој ефект се јавува кога горивото исфрлено од горната фаза на ракетата веднаш замрзнува на голема височина.

Ракетата „Фалкон 9“ беше лансирана од Флорида во понеделникот околу 17.50 часот по Велика Британија како дел од мисија на американската влада.

Како што пренесоа некои медиуми несекојдневната глетка била видлива и во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот