Фото: Принтскрин/Твитер/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Непалски војник е првиот човек со ампутирани нозе над колената што се искачи на Еверест!

Поранешниот непалски војник од заедницата Гурка, Хари Буда Магар (43), стана првата личност со ампутирани две нозе над колената која се искачи на Еверест, највисокиот планински масив на планетава, соопшти во неделата член од неговиот тим.

 


„На врвот Сагармата стаса во петокот околу 15 часот по непалско време. Потоа се спушти во базниот камп, а во Катманду се врати во понеделник попладне“, рекол за АФП Хим Биста, кој за Еверест го употребил непалскиот назив.

Магар двете нозе над колената ги загубил откако, додека во 2010 година како член на бригадата на Гурка служел во Авганистан, случајно стапнал на импровизирана експлозивна направа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hari Budha Magar (@hari_budha_magar)


Досега две лица со ампутирани нозе под колената се искачиле на врвот Еверест. Тоа се Новозеланѓанецот Марк Инглис во 2006 година и Кинезот Ксиа Боју во 2018 година.

Магар има протези на двете нозе и досега веќе искачил неколку врвови, меѓу кои е планинскиот врв Тубкал во Мароко, Бен Невис во Шкотска и европскиот Мон Блан.

На овој поранешен десетар неколку години му било забрането искачувањето на највисоката планина на светот, поради непалскиот закон со кој на слепите лица и на оние со двојни ампутации им е забрането искачувањето на планини. Во меѓувреме, Врховниот суд во Непал го поништил законот.

„Сѐ додека својот живот можете да го прилагодите на времето и ситуацијата, сѐ е возможно, нема ограничувања, само небото е граница“, рекол Магар за АФП во април пред да тргне кон базниот камп на Еверест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hari Budha Magar (@hari_budha_magar)


Во Непал се наоѓаат осум од десет највисоки врвови во светот. Секоја пролет, кога ќе затопли, а опасниот хималајски ветер повеќе не дува толку силно, кон нив се упатуваат стотици алпинисти од целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот