
ФОТО | „Нема утеха…“: Ана Костадиновска објави заедничка фотографија со колегите од „ДНК“
Придружниот вокал Ана Костадиновска е една од неколкуте членови на „ДНК“ кои го преживеаа разорниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пред неколку дена, таа се прости со своите колеги, кои трагично го загубија својот живот, со емотивна објава на социјалните мрежи.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Си замина дел од моето второ семејство. А, заедно со нив, и душава моја. Остана само пепел и празнина. Кој би рекол дека празнината може толку силно да боли?“, напиша Костадиновска тогаш на својот фејсбук-профил.
Сега таа објави заедничка фотографија од целиот музички состав што го придружуваше дуото „ДНК“ на нивните настапи ширум Македонија.
„Нема утеха. НЕМА“, напиша музичарката, искажувајќи ја својата болка по огромната загуба.

Да потсетиме, меѓу 59-те жртви беа пејачот Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, пијанистот Филип Стевановски, битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо, тонецот Игор Велков и официјалниот фотограф на „ДНК“, Александар Ефремов.
Раперот Владимир Блажев – Панчо и гитаристот Горан Тонев сè уште се хоспитализирани.
Голема загуба за македонската сцена: Андреј и Панчо од „ДНК“ – хумани музичари со големо срце
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23сек
-
31мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5