
ФОТО | Нема фајнал-фор за Партизан и по вториот натпревар во Белград, Реал Мадрид изедначи во серијата
По двете големи победи во Мадрид, Партизан дојде до огромни 0:2 во серијата против Реал Мадрид, но „кралевите“ возвратија на ист начин со два триумфи во Белград. Вечерва славеа победа со 78:85.
Препорачано
Ако на претходниот натпревар во Белград почетокот на натпреварот беше во знакот на домаќините, сега многу подобро стартуваа „кралевите“.
Отвори Реал со 0:4 кога Партизан ги постигна првите поени, но и во следните моменти гостите беа подобриот тим на теренот, па разликата растеше. Пред крајот на првата четвртина Реал поведе и со 14 поени разлика.

Сепак, домаќините се разбудија веќе во втората четвртина и почнаа да се враќаат во натпреварот. За првпат во финишот од втората четвртина избраниците на Жељко Обрадовиќ стигнаа до изедначување кога Анѓушиќ погоди тројка за 42:42, тоа беа негови први поени на средбата.
Во следниот напад Реал искусниот Серхио Љуљ изнуди три слободни фрлања и ги погоди сите за 42:45. Анѓушиќ одново се обиде набрзина со тројка да возврати за изедначување на паузата, но иако беше прецизен задоцни некоја стотинка па поените не му беа признати.

Добрата игра на Партизан продолжи и во третата четвртина, а откако стигнаа на заостанување од еден поен (45:46) пропуштија два напади за изедначување. Меѓутоа на средината од оваа четвртина со поените на Зек Ледеј по оние 42:42, вторпат дојде до изедначување. Конечно, до првото водство црно-белите стигнаа преку Анѓушиќ кој поентираше за 51:49 во 26-тата минута.
По тоа прво водство, одново следуваа неколку промашени напади на Партизан, па Реал Мадрид во последните четири минути од четвртината не само што ја врати предноста туку и со позитива од шест поени влезе во последниот одлучувачки период (55:61).

Не се откажа, Партизан се обиде во последната четвртина да дојде до пресврт, некаде на пет минути пред крајот стигна и до „минус еден“ (70:71). Сепак, Реал Мадрид одново се врати на посигурна негатива и на две минути до крајот водеше со 74:78.
Со слободните фрлања на Вилијам-Гос, Реал поведе и со 74:80. По погодените две слбоодни фрлања Вилијам-Гос си дозволи некако да изгуби две топки на својата половина и Партизан се врати на 78:80. Сепак, до крајот домаќините немаа сили за некаков пресврт. Таварес и Ханга постигнаа по 15 поени, а Зек Лидеј беше најефикасен на мечот со 25 поени.
Одлучувачкиот петти натпревар Реал Мадрид и Партизан ќе го играат во среда од 21:00 часот во Мадрид. Треба да се спомене дека Партизан за тој натпревар ќе го има на располагање Кевин Пантер кој се враќа по двата натпревари суспензија.