Фото: Инстаграм/ brunabiancardi

ФОТО | Нејмар се смири со девојката која ја изневерил 92 пати: Објавија заеднички фотографии

Бразилскиот фудбалер Нејмар наводно повторно е во врска со Бруна Бјанкарди. Двојката официјално раскина само еден месец откако го дочека своето прво дете во октомври минатата година. Бруна, која е позната како инфлуенсерка и модел, се нашла во тешка ситуација кога беше откриено дека Нејмар ја изневерувал додека била бремена.

Меѓутоа, откако на Инстаграм објавија серија фотографии на кои позираат заедно, тие ги поттикнаа гласините за нивното смирување. Сега нивните обожаватели шпекулираат дека парот решил да ѝ даде уште една шанса на својата љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi)

„Сѐ заедно и измешано“, „Моменти“, беа само дел од описите кои Бруна ги напиша во описот на фотографиите. Таа на една објава му го честиташе денот на таткото на својот татко, но потоа објави и фотографија од Нејмар и нивната ќерка Мавија.

„Дечко чувај ја оваа жена, нема ниедна како неа“, „Се надевам дека навистина сфати што изгуби и сега ќе го цени тоа“, „И треба да се бориш за своето семејство“, беа само дел од коментарите на нивните следачи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi)

На крајот на ноември минатата година Бруна ја потврди веста за нивното раскинување. „Ова е приватна работа, но бидејќи често ме поврзуваат со вести, сомнежи и потсмев, би сакала да ве информирам дека не сме во врска. Ние сме родители на Меви и тоа е причината за нашата врска. Ви благодарам“, напиша таа во тоа време.

Нејзината објава следеше по пишувањето на странските медиуми за крајот на нивната врска.

Бразилскиот весник „Correio Brasiliense“ ја објави веста за нивното раскинување, тврдејќи дека Бразилецот ја изневерил својата девојка дури 92 пати.

„По 92 неверства, дојде крајот на врската помеѓу Нејмар и Бруна Бјанкарди. Двајцата веќе подготвуваат официјално соопштение, но одржуваат пријателски односи за доброто на нивната ќерка Мавија“, напиша споменатиот медиум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот