
ФОТО | Не успеа да им избега на фотографите: Леонардо Дикаприо за првпат на Мет гала, „уловен“ во друштво на згодната Италијанка
Иако со децении се смета за еден од најбараните и најплатените холивудски актери, Леонардо Дикаприо дебитираше на Мет гала дури оваа година.
Препорачано
Актерот, се потруди да го избегне синиот тепих расфрлан со цвеќиња и да позира на познатите скали. Па, дури подоцна се дозна дека и тој се појавил на гламурозниот спектакл во Њујорк и тоа во друштво на неговата девојка Виторија Черети.
И додека Виторија среќно позираше за фотографите на синиот тепих, Леонардо беше „уловен“ само зад затворените врати. На фотографијата може да се види дека Дикаприо носи смокинг и се обидува да го скрие лицето, додека италијанскиот модел гледа во далечината. Инаку, Виторија за оваа пригода се одлучила за креација „Moncler x EE7“ и внимателно одбран накит од куќата за накит „Бриони Рајмонд“.
vittoria ceretti and leonardo dicaprio at the met gala pic.twitter.com/9gcejkDD3A
— ؘ (@vittoriaceretti) May 7, 2025
Инаку, во неодамнешното интервју за „Вог“, Виторија изјавила дека „не може да поднесе кога луѓето ја претставуваат како уште една девојка на познатиот актер“. Љубовта е силна, открила таа и додала дека нема место за љубомора.
Таа е многу блиска со мајката на Лео, Ирмелин, единствената „постојана женска личност“ во неговиот живот, а ова може да биде и објаснувањето зошто останал со убавата Италијанка подолго отколку со многумина пред неа.