
ФОТО | Не остави многу на фантазијата: Емили Ратајковски во едно од најпровокативните изданија досега
Манекенката и актерка Емили Ратајковски не остави многу на фантазијата со новите фотографии кои ги објави на својот инстаграм-профил, каде што ја следат 29 милиони обожаватели.
Препорачано
Таа позираше покрај базен во провокативен костим за капење што ги истакна сите нејзини облини. Длабокото деколте ги откри нејзините бујни гради, а во преден план е и речиси гол задник. Костимот е со отворен грб, што уште повеќе ја нагласи нејзината витка и затегната линија.




Објавата доби повеќе од половина милион допаѓања, а коментарите беа преполни со пофалби: „Секогаш си прекрасна“, „Најсекси жена на светот“, „Совршено тело“, се само дел од нив.
Во описот под фотографиите, Ратајковски откри дека одбрала да летува на Јадранското Море, но не прецизираше во кој град се наоѓа.
Инаку, пред неколку години таа изјави дека се повлекува од актерството, откако ја одбила улогата во филмот „Триаголник на тага“ („Triangle of Sadness“). Сепак, го сменила своето мислење кога добила понуда за соработка со Лена Данам на новата серија „Претерано“ („Too Much“). Во серијата ја толкува улогата на инфлуенсерка која е следена од поранешната девојка на нејзиното момче.
ВИДЕО | Емили Ратајковски е очајна: „Ова е најлошата фризура што сум ја имала во животот“