Фото: EPA-EFE/Raul Caro

ФОТО: Навивачите на Ренџерс ја искористија смртта на папата да го провоцираат најголемиот ривал

Навивачите на шкотскиот клуб Ренџерс повторно се најдоа во центарот на скандал, откако изразија навредливи и дегутантни пораки упатени кон папата Франциско, кој почина во текот на вчерашниот ден.

Подгрупата „Union Bears“, позната по своите крајно провокативни потези, на зграда спроти автопат во Глазгов исцрта графити со пораки како „Нема веќе римски папа“ и „Папата Франциско е мртов“. Со овие натписи, навивачите на Ренџерс директно ги навредуваа приврзаниците на Селтик, клуб кој традиционално се поврзува со католичката вера, за разлика од Ренџерс, кој е длабоко вкоренет во протестантската заедница.

Инцидентот предизвика бурни реакции, особено поради историскиот контекст – во периодот од триесеттите до седумдесеттите години на минатиот век, Ренџерс важеше за клуб во кој католици речиси и да не играле, иако таквото непишано правило денес често се оспорува.

Навредливиот графит беше наскоро префарбан од навивачите на Селтик, кои оставија порака „Без знамиња и тапани“, алудирајќи на неодамнешниот инцидент при кој им биле одземени навивачки реквизити на Ренџерс по физички пресметки меѓу двете групи.

Овој нов испад само дополнително ја поттикнува тензијата меѓу двата големи ривали, чие ривалство одамна ги надминува спортските рамки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот