Фото: Инстаграм/Татјана Стојановска

ФОТО | „Нашата свадба“: Татјана Стојановска објави фотографии од свадбата со саканиот Михаил

Десет години откако се свршија, телевизиската презентерка Татјана Стојановска и нејзиниот партнер Михаил Китановски во саботата (10 јуни) го изговорија судбоносното „да“ пред најблиските.

„Пред точно 10 години, на 10 јуни 2013 година, Михаил ме побара за жена на нашиот прв одмор во Грција, и тогаш по неколку месеци од запросувањето, почнавме да живееме заедно. И точно на 10-годишнината од запросувањето, вчера стапивме и официјално во брак. Регистрацијата и прославата се одржаа во хотел „Александар Палас“, заедно со нашите најблиски роднини и пријатели. Беше весело благодарение на групата „Соната“ и бисерниот глас на Кате, како и на нашите весели гости“, раскажа презентерката за „Слободен печат“ пред неколку дена.

Сега Стојановска сподели неколку фотографии од свадбената фотосесија на социјалните медиуми.

„Нашата свадба“, напиша таа во описот.

Фото: Инстаграм/Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/Татјана Стојановска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот