Фото: Инстаграм/ nasajpl

ФОТО | НАСА објави снимки од опасен астероид кој поминал веднаш покрај Земјата

На 29 јуни, потенцијално опасниот астероид 2024 МК ја помина Земјата на оддалеченост од приближно 295.000 километри. Радарот на мрежата за длабока вселена Голстон го сними овој астероид и Лабораторијата за млазен погон на НАСА (JPL) ги објави снимките .

Како што наведуваат, ниту астероидот 2024 MK, ниту 2011 UL21, кој неколку дена претходно прелета на малку поголема оддалеченост, не претставуваа реална опасност за Земјата, но се набљудуваат и поради можноста за вртење, како и собирање на податоци за големината, ротацијата, орбитата, површината…

Овие податоци помагаат во понатамошниот развој на планетарната одбрана.

– Се смета дека две третини од овие астероиди се бинарни системи, а нивното откривање е многу важно бидејќи имаме мерења на нивната релативна положба со цел да се процени орбитата, масата, густината… Ова ни дава клучни податоци за тоа како тие беа формирани – рече Ленс Бенер, главен научник во JPL.

Астероидот 2024 МК, релативно голема вселенска карпа од групата Аполо, беше следен од телескопски мрежи додека минуваше на околу 295.000 километри од Земјата.

Според Европската вселенска агенција, астероидот 2024 МК првпат бил откриен на 16 јуни, а се проценува дека е со големина помеѓу 120 и 260 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот