Наоми Кемпбел/ Фото: Profimedia

ФОТО | Наоми Кемпбел и на 54 години е како девојка: Црната пантера изгледа совршено во розово бикини

Наоми Кемпбел деновиве е снимена на луксузна јахта на Ибица, Шпанија.

54-годишниот модел беше придружуван од мексиканската актерка и пејачка Еиза Гонзалес (34) и уште неколку пријатели.

Наоми е фотографирана откако излегла од морето и се опуштила на јахта. Таа носеше розово бикини и како и секогаш ја покажа завидната фигура.

Многумина ја нарекуваат една од најубавите жени во светот. Наоми е британски супермодел, актерка и пејачка со карипско-кинеско потекло. Во светот на модата таа го носи прекарот Црната пантера.

Фото: Dj Sergio Garrido / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia
Фото: Dj Sergio Garrido / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia
Фото: Dj Sergio Garrido / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Таа ја започнала својата кариера на седумгодишна возраст кога глумела ученичка во спотот на Боб Марли „Is This Love?“. Во светот на модата влегла на 15 години кога ѝ се обратил моден агент, со чија агенција потпишала договор.

Веќе во средината на 80-тите, таа почна да ги краси насловните страници на светските списанија – во 1986 година се појави на насловната страница на магазинот „Ел“, а две години подоцна на насловната страница на францускиот „Вог“. Таа беше првата црна жена на нивната насловна страница, а тој успех го повтори и на насловната страница на британскиот магазин „Вог“.

Врвот на својата кариера го доживеа во раните 1990-ти кога беше најпознат и најплатен топ модел со Клаудија Шифер, Линда Евангелиста, Синди Крафорд и Кристи Тарлингтон. Таа се појави во голем број музички спотови за музичари како Џорџ Мајкл, Мајкл Џексон, Џеј Зи, Мејси Греј и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот