Дејвид Бекам - Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Најследената Хрватка во друштво на Дејвид Бекам: Има милионски прегледи, а на ова ѝ завидуваат сите жени

Една од најпознатите хрватски тиктокерки, Мирта Милер, која се прослави со трансформациите на шминка на оваа социјална мрежа, под името mimiermakeup, се фотографирала со поранешната фудбалска ѕвезда и еден од најпосакуваните мажи на денешницата, славниот Дејвид Бекам.

Таа веднаш се пофалила со фотографијата на социјалните мрежи и оставила многу жени без зборови, а Бекам го сретнала на стадионот во Париз, на натпреварот ПСЖ – Ливерпул.

 


Марта Милер е меѓу најследените Хрватки на социјалните мрежи, па со ова привлече големо внимание. Таа во моментот има 18,6 милиони следбеници на ТикТок и 1,9 милиони следбеници на Инстаграм. Мирта има обожаватели од целиот свет, а сите нејзини видеа имаат повеќе од милион прегледи.

Едно видео од 2021 година имало дури 117 милиони прегледи, па не е изненадување што е меѓу најпознатите светски личности.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mirta Miler (@mimiermakeup)


Поранешната студентка по економија дала отказ за целосно да се посвети на снимањето видеа, во кои на своите следбеници им покажува како да се шминкаат и да прават трансформации. Таа веќе неколку години е вклучена во социјалните мрежи, а пред тоа работела во банка.

„Мислам дека луѓето, особено во Хрватска, треба повеќе да се опуштат во однос на своето хоби. Без разлика дали тоа е поврзано со социјалните мрежи или нешто друго. Пред да се вработат во некоја корпорација, ги советувам сепак да се обидат да направат нешто свое, нешто што ги прави среќни и што сакаат да го прават и во што се најдобри. Подоцна, лесно е за понатамошна кариера, особено ако имате диплома“, рекла во едно интервју 27-годишната Мирта.

Иако нејзините родители не биле задоволни од нејзината одлука да се посвети на шминкањето, таа била упорна и денес многу добро живее од тоа. Порано поминувала и до 18 часа дневно за да ги снима своите видеа, а на едно снимање открила дека во просек ѝ биле потребни два часа за една објава.

 

@mimiermakeup with peace and love #Inverted ♬ original sound – AmorëDior

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот