Џони Деп
Писмото на Џони Деп по добиениот судски спор против бившата сопруга Амбер Херд / Фото: Инстаграм, Џони Деп/EPA-EFE/Steve Helber

ФОТО | „Најдоброто допрва доаѓа“: Џони Деп се огласи по добиениот судски спор против Амбер Херд

Во судењето помеѓу Џони Деп и Амбер Херд беше донесена пресуда во која Џони беше ослободен од вина и му беа доделени 15 милиони долари. Актерот се огласи на „Инстаграм“ со искрено, интимно и долго писмо.

Џони Деп со обелен образ: Поротата донесе пресуда на судењето со Амбер Херд

– Пред шест години, мојот живот, животот на моите деца, животот на моите најблиски, и исто така, животот на луѓе кои, многу, многу години ме поддржуваа и веруваа во мене засекогаш се промени.

Додека да трепнеш.

Лажни, многу сериозни и криминални обвинувања беа направени кон мене во медиумите, кои покренаа бесконечна низа од содржина со карактер на омраза, иако никогаш официјално не бев обвинет. Веќе патуваше низ целиот свет, двапати во наносекунда и имаше сеизмичко влијание на мојот живот и мојата кариера.

И шест години подоцна, поротата ми го врати животот. Навистина сум почестен.

Мојата одлука да се борам на суд, знаејќи ја големината на легалните заплети со кои ќе се судрам и неизбежниот, светски спектакл во мојот живот, беше направена по сериозно размислување.

Од самиот почеток, целта на овој случај беше да ја откријам вистината, без разлика на исходот. Вистината им ја должев на моите деца и сите кои останаа да ми бидат поддршка. Чувствувам мир конечно, знаејќи дека го постигнав тоа.

Сум, и секогаш сум бил трогнат од дотурот на љубовта и огромната поддршка и добрина од целиот свет. Се надевам дека мојот поход за вистината ќе им помогне на другите, мажи и жени, кои се нашле во моја ситуација, и тие што ги поддржуваат не се откажале никогаш од нив.

Исто така се надевам дека позицијата „невин додека не се докаже спротивното“ ќе се врати и во судницата и во медиумите.

Сакам да укажам почит на племенитата работа на судијата, поротата, вработените во судот и шерифите кои го жртвуваа своето време за да нè доведат до оваа точка, и на мојот работлив и бескромпромисен адвокатски тим кои беа извонредни во нивната работа помагајќи ми да ја споделам вистината.

Најдоброто тек доаѓа и новото поглавје конечно почна.

Veritas numquam perit, Вистината никогаш не исчезнува, заклучи Џони Деп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот