
ФОТО | Најдобриот пријател на Жота се прости од него со порака која никого не остава рамнодушен
Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота, кој заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот наутро.
Препорачано
Трагедијата се случи во северна Шпанија, додека Жота и неговиот брат патувале со „Ламборгини Урус“ вреден 174.000 евра, обидувајќи се да стигнат до ноќниот траект за Велика Британија. Според првичните информации, несреќата се случила на автопатот A-52 кај местото Чернадиља, блиску до градот Самора, само 16 километри од границата со Португалија, кога при претекнување пукнала гумата на возилото.
Повеќе спортисти изразија сочувство и оддадоа почит на својот пријател и колега, но еден од најемотивните постови пристигна неговиот најблизок пријател, фудбалерот Рубен Невеш кој во овој момент го носи ддресот на Ал Хилал од Саудиска Арабија.
„Каде и да си, знам дека ќе го прочиташ ова. Знаеш дека ми значеше онолку колку што и јас значев за тебе. Ние не бевме само пријатели, ние бевме семејство, и тоа нема да се смени само затоа што реши да потпишеш договор малку подалеку од нас. Кога ќе одам на репрезентативни собири, ти ќе бидеш покрај мене на масата, во автобусот, во авионот… Ќе се погрижам твоите најблиски никогаш да не им недостига ништо, затоа што знам дека ти, иако далеку, мислиш на нас и не чекаш. Животот нè спои, и сега ништо не може да нè раздели. Од сега па натаму, секогаш ќе излегуваш со мене на терен и ќе чекориме заедно, по патот каде што се сретнавме. Те сакам!“, напиша Невеш.
Последниот пораз семејството и пријателите на Жота го имаа денеска во Гондомар каде што беше погребот на фудбалерот на Ливерпул и неговиот брат.
View this post on Instagram