Profimedia

ФОТО | На претходната инаугурација ја избегнуваа, а сега дизајнерите се тепаат кој да ја облече Меланија Трамп

Меланија Трамп, поранешна манекенка и сопруга на актуелниот американски претседател Доналд Трамп е преплавена со понуди за бесплатна дизајнерска облека од речиси сите американски модни куќи и европски икони како Версаче и Кристијан Диор пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг на 20 јануари, пишува Daily Mail.

Колку за споредба, кога Трамп првпат беше избран за претседател, големите модни куќи ја „избегнуваа“ неговата сопруга за да не бидат поврзувани со неговата политика. Меланија на инаугурацијата во јануари 2017 година носеше син фустан од кашмир и болеро од Ралф Лорен во вредност од 5.500 долари.

Profimedia

„Овој пат работите се многу поинакви. Кога претседателот Трамп првпат беше избран во 2016 година, Меланија беше третирана многу лошо. Луѓето зборуваа против неа и одбиваа да ја облекуваат. Беше избегнувана и третирана ужасно, но таа се однесуваше достоинствено. Сигурно ѝ беше тешко. Сега дизајнерските куќи ја молат да ја облечат“, рече блиска пријателка на Меланија, Тони Холт Крамер.

Поранешниот креативен директор на модната куќа Москино, Џереми Скот, кого го сакаат ѕвезди како Бијонсе и Лејди Гага, пред првата инаугурација изјави дека никогаш нема да дизајнира за Меланија.

„Очигледно е дека Меланија изгледа одлично, но не можам да се одвојам од тоа која е таа. Не ја познавам”, објасни Скот.

EPA-EFE/HARISH TYAGI

Француската дизајнерка Софи Теалет, чии клиенти се и Опра Винфри и Џенифер Лопез, во отворено писмо ги повика колегите дизајнери да не соработуваат со Меланија.

„Нема да учествувам во облекувањето или на кој било начин да се дружам со следната прва дама. Реториката на расизам, сексизам и ксенофобија, лансирана од претседателската кампања на нејзиниот сопруг е некомпатибилна со заедничките вредности според кои живееме“, тврдеше тогаш Теалет.

Конечниот моден избор за претстојната инаугурација се уште е „на вага“, но Холт Крамер тврди дека тоа што ќе го облече Меланија ќе остане во историјата бидејќи овојпат расположението е многу поинакво.

профимедиа

„Луѓето во голем број гласаа за претседателот Трамп, па секако сите сакаат да ја облечат Меланија“, додаде таа.

„Таа има беспрекорен вкус. Верувам дека ќе избере американски дизајнер за да испрати силна порака дека Америка се враќа. Едно е сигурно, ќе изгледа фантастично”, продолжи таа.

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Основачот на Вашингтон досие, Дејвид Адлер, исто така го истакна влијанието на Меланија.

„Меланија излезе од сенката на нејзиниот сопруг. Има најпродавани мемоари и потпиша договор вреден 40 милиони долари. Вашингтон веќе не и е туѓа земја. Таа стекна самодоверба да биде своја. Ја знае играта, “, рече тој, заклучувајќи дека Меланија се обидува да го имитира модното наследство на поранешната прва дама Џеки Кенеди.

меланија трамп
Фото Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот