
ФОТО | Моника Белучи има ново момче: „Рака под рака“ со ексцентричниот Тим Бартон
Италијанската актерка и модел Моника Белучи и филмскиот режисер и продуцент Тим Бартон, наводно се четири месеци во љубовна врска која сакаат да остане подалеку од очите на јавноста, пишува „Paris Match“.
Препорачано
View this post on Instagram
Двојката првпат се запознала пред 16 години, но наводно се заљубиле откако се виделе на Филмскиот фестивал во Лион во октомври, минатата година.
View this post on Instagram
Моника (58), која беше почесен гостин на фестивалот, на Тим (64) му ја врачи наградата за животно дело.
View this post on Instagram
„Paris Match“ објави фотографија на која Моника и Тим се шетаат низ Париз, „рака под рака“.
View this post on Instagram
Моника неколку години беше слободна откако ја прекина љубовната врска со уметникот Николас Лефевр во 2019 година. Таа претходно беше во брак со актерот Винсент Касел, од 1997 до 2013 година. Од тој брак ги доби две ќерки, Дева, која е родена во 2004 година и Леони, која е родена во 2010 година. Бартон досега во својот живот не склучил граѓански брак, но долги години живееше во вонбрачна заедница со актерката Хелена Бонам Картер со која има две деца.
ФОТО | Најубавата жена на светот стана фатална русокоса: Како повеќе ви се допаѓа?
Тим Бартон го враќа „Семејството Адамс“ на телевизиските екрани
ФОТО | Убава на мајка: Ќерката на Моника Белучи заблеска на ревијата на „Долче & Габана“