Фото: Tom Nicholson / Shutterstock Editorial / Profimedia Printskrin / Instagram

ФОТО | Моника Белучи фотографирана одблиску: Како изгледа најубавата жена на светот без фотошоп!

Моника Белучи е специјална гостинка на 21. Меѓународен филмски фестивал во Маракеш во Мароко, каде што вчера присуствуваше на дискусија за оперската дива Марија Калас, „Марија Калас Моника Белучи: Средба“, откако ја играше познатата пејачка во театарот.

Италијанската актерка Моника Белучи со децении се смета за најубава жена на светот, дури и по влегувањето во седмата деценија од животот. Кога е убавината во прашање, на Моника Белучи годините ништо не ѝ можат.

Филмската дива Моника Белучи е и се смета за најубава жена на светот, дури и по влегувањето во седмата деценија од животот. Кога е убавината во прашање, за Моника Белучи сè уште нема зима.

Актерката ги воодушевила сите кога му се придружила на партнерот Тим ​​Бартон на 21-от Меѓународен филмски фестивал во Маракеш, Мароко, каде изгледала неверојатно гламурозно во шик црна тоалета, со наметка, којашто ги истакнала нејзините облини.

Моника Белучи во Маракеш / Фото : Tom Nicholson / Shutterstock Editorial / Profimedia

На тоа додала и пар црни чевли со високи потпетици, како и мини црна чанта со дијамантски украс.

Меѓутоа, веднаш штом се појавила, обожавателите побрзале да се фотографираат, што таа го дозволила.

А одблиску можеле да потврдат дека нејзината скромна шминка ја истакнува природната убавина на Моника, поради што таа важи за една од најубавите жени досега.

Иако, сепак, на 60-годишна возраст на нејзиното лице се гледаат некои брчки.

Моника Белучи во Маракеш / Фото: Tom Nicholson / Shutterstock Editorial / Profimedia

Во исто време, на социјалните мрежи кружат приказни дека актерката не одолеала на ставењето ботокс.

 

ФОТО | Моника Белучи на 60 години позираше за насловната страница на магазинот „Ел“: Сѐ уште е најубавата жена на светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот