Наоми Кемпбел - Фото: Alessio De Marco/IPA Sport / ipa-agency.net / IPA / Profimedia / Instagram

ФОТО | „Моите две мали љубови“: Наоми Кемпбел конечно ги покажа децата што ги доби со помош на сурогат мајка

Познатата манекенка Наоми Кемпбел ретко објавува фотографии од својот приватен живот, особено откако стана мајка. Но, се чини дека овој пат реши да направи исклучок.

Имено, Наоми реши да му ги покаже на светот децата чии имиња не се објавени јавно, а што ги пред доби неколку години со помош на сурогат мајка. На фотографиите, трочленото семејство чекори на плажата покрај океанот додека ужива во топлото време.

„Прескокнувам седум радосни бранови со моите две мали љубови – моите отчукувања на срцето, моите вечни ангели. Сè што сум, сум поради вас“, напиша манекенката покрај фотографиите со децата на плажа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DR. Naomi Campbell (@naomi)

За да ја зачуваат својата приватност и идентитет, на фотографиите не се гледаат нивните лица, но може да се види дека децата многу пораснале.

Да потсетиме, Наоми Кемпбел во мај 2021 година за првпат стана мајка, таа доби ќерка, а во 2023 година, на 53-годишна возраст, стана мајка на момче.

ВИДЕО | Наоми Кемпбел организираше незаборавна роденденска забава во Монако: Таа не старее, изгледа како да има 35

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот