
ФОТО | „Модата и филмот“: Студентите од Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ ја покажаа својата креативност
Темата „Модата и филмот“ (француски: La mode au cinéma) на годинешната завршна презентација на студентите на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ во Скопје се фокусира на релацијата помеѓу модата и филмот. Студентите добија задача да дизајнираат и изведат по еден изглед инспириран од одреден филм по нивен избор. Дел од решенијата се движат во рамките на костимографијата, други на модниот превод, со помалку или повеќе видлива референца на филмското остварување.
Препорачано

Да го одбележи крајот на учебната 2023-2024 година, Институтот на 25 јуни организираше финален испит пред комисија од модни дизајнери, личности од јавниот живот и новинари.

На 26 јуни следува ревија во Киното Милениум, а на 27 јуни, изложба во Кинотеката на Северна Македонија. Две најдобри студентки, во категориите моден дизајн и техничка изведба, добија награди – еднонеделен престој во Париз, светската престолнина на модата.


Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
25мин
-
39мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5