Фото: РФМ

ФОТО | Митревски само резерва против Естонија и Литванија, Лазаров го објави конечниот список за стартот на квалификациите

Селекторот Кирил Лазаров го скрати списокот и ги објави имињата на ракометарите на кои ќе смета за натпреварите за стартот на квалификациите за Европското првенство.

Македонија ја очекуваат два натпревари против Естонија дома на 6 ноември од 20:00 часот и гостување во Литванија четири дена подоцна.

За овие натпревари Лазаров во конечниот список не го смести голманот Никола Митревски кој сега е само резерва. Предност добија голманите на Алкалоид, Марко Кизиќ и Иван Галевски, како и Мартин Томовски од Потсдам кој е единствениот на списокот кој не настапува во македонското првенство бидејќи на списокот го нема и ракометарот на Бенфика, Филип Талески.

Собирот се закажува за 3 ноември 2024 година (недела) со почеток во 14.00 часот во Хотел Карпош во Скопје.

Фото: Screenshot

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот