
ФОТО | Миранда Кер се присети на тинејџерските денови: „Сѐ уште изгледам дрско, дури и по 30 години“
Поранешната манекенка и „ангел“ на „Викторијас сикрет“, Миранда Кер (41), на својот Инстаграм сподели две фотографии – една од сегашноста и една од тинејџерските денови, покажувајќи дека речиси и да не се променила низ годините.
Препорачано
На објавените фотографии на кои се гледа нејзината младост и сегашен изглед, присутна е истата дрска и самоуверена поза како и тогаш.
„Сè уште изгледам дрско, речиси 30 години подоцна“, напиша Миранда покрај фотографиите.
View this post on Instagram
Фотографијата од младоста која Миранда ја објави е направена за еден магазин, а многу следбеници се потсетија на моментот кога првпат ја виделе на насловната страница.
„Се сеќавам на овој момент“; „Сè уште го имам тоа списание“; „Најубавата жена што сум ја видел“; „Воопшто не си променетa“; „Јас сум твој фан од својата осма година“, беа дел од коментарите.
Инаку, Кер секојдневно споделува моменти од приватниот живот, особено со семејството. Таа од 2017 година е во брак со Еван Шпигел, основачот на Снепчет, а заедно се горди родители на три деца.
Покрај нив, Миранда од претходниот брак со актерот Орландо Блум го има и синот Флин (12), кој исто така со задоволство го споделува со своите следбеници.
Миранда Кер повторно стана мајка: Манекенката го роди четвртото дете на 40 години