Фото: Принтскрин / ТикТок

ФОТО | Мини здолниште и високи чизми: Ким Кардашијан на мета на критики поради изгледот на нејзината 11-годишна ќерка

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан се најде на мета на критики откако објави видео на кое танцува со нејзината 11-годишна ќерка Норт Вест.

Ким, која беше облечена во долг фустан со змиски принт и малото девојче, кое носеше бела кошула со вратоврска, црна исечена јакна, кратко здолниште и високи чизми, танцуваа на празничниот хит на Аријана Гранде, „Santa Tell Me“.

Но, на многумина им пречеше тоа што Норт „изгледа многу постаро отколку што навистина е“.

@kimandnorth ??@Kim Kardashian ♬ santa tell me – ‍r7ptor

„Норт Вест има само 11 години. Ким Кардашијан веќе почна да ја „пумпа“. Тажно е да се види дека Вест вака пропаѓа по движењето за заштита на децата. Сега одеднаш е во ред родителите да ги сексуализираат своите деца… Што се случи во западните земји?“ напиша еден корисник на социјалната мрежа Х.

„Ова е алармантно, невиноста на децата треба да се заштити“, додаде некој.

„Мислам дека не е соодветно за 11-годишно дете да носи вака кратко здолниште“; „Кој би помислил дека има 11 години?“; „Убаво дете, но несоодветна облека“; „Престанете да ги сексуализирате вашите деца. Тоа е тажнo и вознемирувачкo“, „Ќе биде како неа… Тажно е“; „Изгледа како да има 20 години“; „Кога е со татко ѝ, не е вака облечена“, следеа повеќе коментари на социјалните мрежи.

ВИДЕО | Ким Кардашијан во бизарно „празнично“ видео: Со разголен задник и отворено деколте лази покрај Исус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот