
ФОТО | Меланија Трамп повторно доминира: Првата дама се појави во моќен смокинг на Гувернерскиот бал
Еден од најмоќните парови во светот, Меланија и Доналд Трамп, повторно се во центарот на вниманието на јавноста. Имено, американскиот претседател и првата дама се појавија на Гувернерскиот бал, брилијантно стилизирани, фатени за рака, гордо чекорејќи рамо до рамо.
Препорачано
Парот беспрекорно си одговараше во стилот. За оваа пригода, Доналд избра класичен црн костум, бела кошула и машна. Меланија уште еднаш покажа дека е модна икона, носејќи црн костум (смокинг), бела кошула и високи потпетици. Косата ѝ беше пуштена, а целата модна комбинација изледаше моќно што никој не можеше да го тргне погледот од неа.
А, како што коментира „Дејли мејл“, без разлика дали како манекенка или како прва дама, Меланија очигледно никогаш не се плаши од кршењето на границите. Одејќи по црвениот тепих поставен на мермерниот под во Белата куќа, Меланија всушност стана првата, прва дама што облекла смокинг, облека што вообичаено ја носи спротивниот пол, за ваква официјална церемонија во Белата куќа.

На прв поглед, смокингот може да се отфрли како ништо повеќе од верзија на испробана и вистинска модна формула. Сепак, има повеќе од тоа. Модната комбинација на Меланија на состанокот со гувернерите беше речиси повторување на изгледот што таа го избра за провокативниот – и многу критикуван – официјален портрет минатиот месец, вели Џејн Типет за „Дејли мејл“.
Во просторијата полна со жени кои максимално ја прифаќаат ретро женственоста, Меланија одлучи да се издвои со својата силуета облечена во црниот костум.
Она на што не сме навикнати кај неа е тоа што таа имаше и насмевка на лицето во текот на целата вечер. Со оглед на тоа што е позната по исклучително сериозното однесување, ова е навистина преседан. На свеченоста таа и Доналд оставија впечаток на складен пар, делуваа многу блиски, а таа пленеше со својата насмевка.
„Таа многу се трудеше да направи сè убаво. И таа е многу добра во тоа“, ја пофалил нејзиниот сопруг, пренесуваат странските медиуми.