
ФОТО | Мал „ноќен злосторник“: Тригодишно момче среде ноќ ги отворило сите божиќни подароци
Тригодишно дете од Северна Каролина не можело да го дочека божиќното утро и решило да го прослави пред сите други. Во мракот, во среде ноќ, тој одлучил да ги одвитка апсолутно сите подароци.
Препорачано
– Мојот тригодишен син се симна во дневната соба во три часот по полноќ и ги одвитка подароците на сите – напишал Скот Рајнген на Икс, заедно со фотографија од местото на „злосторството“.
Yall. My three year old came down at 3am and unwrapped EVERYONE’S presents. pic.twitter.com/8dlfqdwHO7
— Scott Reintgen (@Scott_Thought) December 25, 2023
Рајнген и неговата сопруга Кејти, кои имаат уште две деца, едногодишна ќерка и шестгодишен син, се разбудиле дури откако нивниот син „гласно“ побарал помош да отвори еден од подароците.
– Го најде својот Спајдермен и побара ножици за да го исече од кутијата – изјавил Рејнтген за „Ен-би-си“ (NBC News), пишува „Њујорк пост“ (NY Post).
Кога се симнале да видат што направил нинвиот мал „ноќен злосторник“, сфатиле дека тој отворил сè, од најмалата до најголемата кутија.

Рајнтген, кој истакнува дека обично спие лесно, вечерта се грижел за својата болна едногодишна ќерка, а кога таа конечно заспала во 2 часот по полноќ, уморниот татко се успал.
– Претпоставувам дека затоа не го слушнав. Инаку слушам апсолутно сѐ – рекол таткото.
Рејнтген, автор на научна фантастика и фантастични романи, нагласи дека неговиот син не мислел ништо лошо.
– Сакаше веднаш да ги видиме подароците, мислам дека оправдано мислеше дека на сите ни прави услуга. Но, се надеваме дека тоа нема да се повтори следната година – прокоментира Рајнтген.