Фото: Plivacki Klub Vardar 2018

ФОТО | Македонскиот пливач Петар Цеков освои прво место на Комен Куп во Кипар

Македонија пак слушна химна на голем маратонски натпревар. На Комен Куп, Кипар во дисциплината 7,5 км, по долгогодишна пауза од медали во пливањето за Македонија, Петар Цеков предводен од Горан Стаменов донесоа златен медал.

Франција на второ место, Италија на трето, како и клубови и држави што одамна се респектирани во светското пливање.

Цеков има само 16 години и е еден од најмладите учесници во Комен Куп, каде што обично настапуваат пливачи до 18 години (земји од Централна и Југоисточна Европа).

Комен Куп е силен меѓународен маратонски натпревар кој собира елита од земји како Франција, Италија, Турција, Грција Израел, Шпанија и др.

Пливачкиот клуб Вардар 2018 упатува посебна благодарност и до своите поддржувачи и маратонци, Евгениј Поп Ацев и Томи Стефановски, чие искуство, совет и поддршка беа дел од оваа победа.

Фото: Plivacki Klub Vardar 2018
Фото: Plivacki Klub Vardar 2018

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот