Фото: GNK Dinamo/Twitter

ФОТО | Maкедонците Ристовски и Митровски во тимот на колото во Хрватска

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски и Димитар Митровски е помеѓу најдобрите 11 во последното коло од ХНЛ шампионатот.

Динамо на Ристовски одигра 0:0 против Осијек, додека Митровски постигна гол во победата на Вараждин на гости кај Шибеник од 0:2.

За Ристовски ова не е првпат да биде помеѓу најдобрите 11 и е само потврда за добрата сезона, посебно оваа пролет во која постигна четири гола и подели две асистенции. Од друга страна Митровски во последниот период не играше баш во најдобра форма, па ова можеби е најава за подобри денови во неговата кариера.

Фото: ХНЛ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот